Холивудската актерка Шерон Стоун денеска, на 10 март, полни 61 година. На денот на нејзиниот реденден дел од светските портали и весници објавија разголени фотки од нејзе.
Холивудската миленичка во филмскиот репертоар има голем број улоги поради кои е окарактеризирана како фатална заведувачка. Покрај провокативните секси сцени во филмовите, нејзиниот актерски талент никогаш не бил оспорен и беше номинирана за Златен глобус и Оскар, за филмот „Казино”.
Актерката никогаш немала проблем да се соблече пред камерите, но не и пред фотографите. Речиси секоја фаза од животот ја обележуваше со насловна на некое списание, на која беше гола.
Инаку, за разлика од повеќето други холивудски ѕвезди, Шерон Стоун одлучи да старее на најприроден и најдостоинствен начин, без деформации на својот физички изглед со естетски операции и корекции. Својот денешен изглед го припишува на редовното вежбање и здравата исхрана, а откако пред две години се соблече за Harper’s Bazaar, многу жени беа љубоморни на нејзиниот изглед во 7-та деценија од животот, но истовремено беа и инспирирани од неа.