На Универзитетската клиника за детски болести ситуацијата е стабилна, нема нови позитивни случаи со коронавирус меѓу персоналот. Позитивни се лаборант, медицинска сестра и докторка од Одделот за имунологија, а не од Одделот за онкологија, како што кажав на минатата прес-конференција. Претпоставениот контакт е мајка на дете кое требало да се прими за терапија на Хематоонкологија според анкетите на епидемиолозите. По протоколот од одреден од Комисијата за заразни болести мајката е тестирана, дома е и таа е асимптоматска, истакна на онлајн прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче.
Посочи дека направен е увид на целата Клиника, чистење, степенувани се според ризик и контактите, работата е организирана по тимови и сите одделенија на Клиниката функционираат најнормално.
– Суспектните пациенти се упатуваат во болницата во Козле и ако треба да влезат на Клиниката за детски болести има посебен дел и соодветен пристап. Темелно се хоспитализираат и пациенти со малигни болести и хронични болни и пациенти со системски болести, како и новороденчиња, додаде Филипче.
Нов случаја е регистриран и во кочанската болница, каде е позитивна докторка од интерното одделение, па пациентите ќе бидат отпуштени.
Во врска со Истражниот затвор во Шутка, тој рече дека завршени се сите анализи, таму сите околу 50 земени тестови се негативни и институцијата работи непречено.
– Во Домот за геријатрија во Ѓорче Петров исто така сите земени брисеви и тоа на тројца штитеници кои се таму и на 13 вработени се негативни. Работата е реорганизирана е според распоредот и таа институција функционира нормално, истакна Филипче.
Во врска со Центарот за јавно здравје во Велес, посочи дека еден од тамошните вработени е во самоизолација, но сите одделенија работат нормално. Додаде дека завршен е увидот и маркетот во Велес, при што 15 добиваат решенија за самоизолација, извршена е дизенфекција на објектот, а сопственикот треба да ја огранизира работата за да може да ја врши дејноста непречено.