Во категоријата за поттикнување на критичкото размислување во образованието на Светскиот економски форум, Македонија се најде на 121 место на листата од вкупно 140 држави во светот. Полошо од Македонија од земјите од регионот се рангирани Хрватска и Босна и Херцеговина, кои се најдоа на 136 и 130 место. Од нашето опкружување најдобро е рангирана Албанија- 19 место, Црна Гора- 51 место, Србија- 64, Бугарија- 80. Грција е неколку места пред нас и е рангирана на 119 позиција.

На врвот на листата се најдоа САД, Данска, Швајцарија, Финска, Нов Зеланд, Шведска, Холандија, Германија, Катар и Обединетото Кралство. А на самото дно е Ангола, а пред неа Хаити, Мароко, Гвинеја.  

Оценките на земјите за критичко размислување можат да се движат од 1 до 7. Најниската оценка е дадена за т.н. поранешна катедра, предавачка или фронтална настава, главно базирана на предавања и фокусирана на меморирање. Најмногу поени носи учењето кое го стимулира креативното и критичкото, индивидуално размислување. Во првите 10 земји се рангирани државите чии оценки се движат од 5,1 до 5,7, додека Македонија е во последните 20 држави, чии оценки се движат од 1,9 на 2,7.

Што е критичко мислење?

Во Македонија со години се зборува дека учениците треба помалку да ги учат податоците на памет, или народски кажано да „бубаат“, а повеќе да се поттикнуваат да размислуваат и критички да  анализираат, и тоа е очигледно важно за конкурентност и просперитет на земјата, бидејќи во спротивно СЕФ тоа не би го вреднувал, не е ништо страшно ако се разјасни што значи критичко размислување, како тоа се проучува и зошто е тоа важно.

Американскиот невролог и скептик д-р. Стивен Новела, едноставно го дефинира критичкото размислување:

„Што треба да мислите? Кому треба да му верувате? Дали е можно да сте во заблуда? Ова се прашања кои секој човек кој размислува критички, независно од неговата возраст, мора постојано да се прашува себеси”.

Д-р спец. Павел Грегориќ, научник од Институтот за филозофија, кој магистрирал и докторирал на Оксфорд, вели дека треба две работи се разберат под „критичко размислување”.

-Прво и основно, ова е одредена навика, испитувачки начин на пристапување кон нештата. Второ, поконкретно, тоа е збир на знаења и вештини кои му овозможуваат на човекот испитувачки да им приоѓа на работите, и тоа не само со туѓи мислења и верувања, туку и на сопствените. Постојат бројни учебници за критичко размислување, бројни он-лајн курсеви и универзитетски курсеви кои даваат алатки и ги обучуваат луѓето за критички пристап кон содржините – да ги категоризираат и да им ја проценат нивната логичка валидност, основа, веројатност, доказливост – и да укажуваат на забележаните недостатоци или да ги исправат “.