На ЈЗУ Државна кардиохирургија во Скопје првпат во регионот е изведен метод на ставање стент на лак на aорта, кој ќе овозможи полесен третман на пациентите кои се во потешка здравствена состојба, а за кои постои висок ризик од смртност при хируршки зафат, соопштија денеска на прес-конференција, директорот на Клиниката за кардиохирургија д-р Марјан Шокаровски и д-р Никола Лазовски.
– Се работи за воведување на нова ендоваскуларна метода која што првпат се изведува во регионот, а можам да кажам и пошироко, со која на многу полесен начин ќе им овозможи третман на пациентите кои што се во потешка здравствена состојба. Се изведува со полесна анестезија и престојот во болница е пократок, рече директорот Шокаровски.
Досега на Државната кардиохирургија, како што објасни д-р Никола Лазовски ставањето стент на лак на орта како метод се работи рутински хируршки отворено и хибридно.
– Ова е нашиот најнов придонес во доближувањето до современата медицина. Најпрво би сакал да се заблагодарам на сите субјекти особено на тимовите кои придонесоа до успешна реализација на овој метод. Се работи за специфичен метод што се изведува првпат во Македонија, а и пошироко. Ставаме стент на лак на орта кај болест која што се вика аунемуризма на лак на орта. Станува збор за сериозна болест, со многу висока смртност доколку не се лекува, рече Лазовски.
Тој додава дека овој метод се користи за пациенти што имаат висок ризик на операција и во случаи кога се проценува дека пациентот нема да може да издржи хируршки третман.
-Кај еден пациент, кој што го проценивме како високо ризичен ставивме стент на лак на орта. Пациентот се одготви со друга операција, се направи премостување на крвните садови за мозокот и за рацете, а една недела подоцна се реализираше оваа процедура со два мали резови на двете раце и еден 5-6 сантиметри рез во препона. Пациентот четири дена по операцијата си отиде дома и е на домашно лекување, рече Лазовски и додаде дека овој метод се овозможи со отворање на хибридната сала.
Директорот Шокаровски најави проширување на капацитетите и на дејноста на Државната кардиохирургија со нов оддел, специфичен за срцева слабост, со што би се подобриле условите за лечење на тие пациенти