На хрватски пејач му се суди за педофилија

/ 18.06.2019

Во Општинскиот суд во Вараждин во тек е судењето на пејачот Јосип Каталениќ и тоа за злоставување и искористување деца.

Според хрватските медиуми , судот денеска одредил ново вештачење за да се утврди неговата пресметливост , зашто претходните вештаци не можеле да се согласат околу тоа прашање.

Пејачот Каталениќ е обвинет за десетина кривични дела врзани со детска порнографија , како и намамување деца поради задоволување полови потреби .

Каталениќ бил уапсен во мај 2015 година , а судењето почнало во ноември 2016. Следното рочиште е закажано за 25 октомври. Судењето е затворено за јавност.


Од истата категорија