На Попова Шапка или Kodra e dielli како што ја нарекува ЕЛЕМ со кој раководи пуленот на Заев, Васко Ковачевски, е формирана снежна покривка од 71 сантиметар, во Маврово 44, Крушево 41, во Битола 36, Дебар 33, Демир Капија 28, во Тетово и Претор 25, Приле и Штип 24, Берово 22, Охрид 18 и во Скопје 15 сантиметри.
УХМР информира дека на Попова Шапка е измерена и најниска температира од -14 степени, а следуваат Маврово со -12, -8 Берово, -7 Претор, Прилеп, -6 Крива Паланка, Охрид, Битола, -4 Скопје, Тетово, Штип, -3 Демир Капија, Струмица, -2 Гевгелија.
До крајот на денот ќе биде облачно, во јужните делови со повремени врнежи од снег, кои до крајот на денот ќе престанат. Во текот на ноќта умерено облачно со умерен до засилен северен ветер.
Сончево и студено со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -16 до -6, а максималната ќе достигне од -5 до 0 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и со умерен до засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до -12, а максималната ќе достигне до 0 степени.
Од утре следува период на стабилно и многу студено време со потпросечни температури за овој период и со умерен до засилен северен ветер. Утринските температури до среда во најголем дел од земјава ќе бидат под – 10, а на места и под -15 степени. Дневните температури ќе се задржат под нулата. Во овие денови ќе има опасност од голомразица. Од четврток следува постепено затоплување.