На Коста Ангелков доделено високо признание Орден на Австралија, објави Ицо Најдовски Перин.

Осумдесет и девет годишниот Коста Ангелков од Перт, Западна Австралија денес беше почестен за роденденот на Кралот Чарлс Трети со Орден на Австралија. Имено, Коста овај Орден го доби како признание за неговата доброволна работа во Македонската заедница од 1955 па до денес. Големо признание за Коста Ангелков, неговата фамилија и за нашата Македонска заедница во Австралија.

Коста Ангелков е роден 1934 год во легендарното село Д’мбени, Костур, Егејска Македонија. Како дете бегалец на 14 годишна возраст бега од Македонија за да го спаси својот живот од војната во Македонија и после 8 год поминати во Романија Коста се среќава со родителите во Перт. Татко му Ристо не го имал видено од неговата двегодишна возраст. На 22 години доаѓа во Перт, Австралија и веднаш станува член на Македонската заедница.


Од 1955 год до денес бил на следните функции:

Македонска заедница од Западна Австралија

• Претседател, 9 години.
• Потпретседател, 3 години.
• Секретар.
• Член, Управен комитет, 1955-1990 година.
• Член, Одбор за градење на црква, 1969 г.
• Член, Комитет за обнова на Центарот на Македонската заедница, 1976 година.
• Член, Комитет за купување и градење на спортскиот комплекс Македонија Парк, 1980-та.
• Член на Македонскиот комитет за социјална заштита.
• Член, Македонски православен црковен хор, 12 г.
• Член на Управниот комитет, MyVista (поранешен дом за етнички стари лица во Стирлинг), 1980-та и доживотен член од 1978 година.

Ресурсен центар за мигранти од Северен Перт
• Основачки член, 1980 г.
• Заменик-претседател, привремен комитет.
• Благајник на Советот на етничките заедници на Западна Австралија
• Потпретседател, 2 години.
• Член, Извршен комитет, 1984-1992 година.
Професионална кариера
• Прв човек во Западна Австралија на компанијата Transformers Pty Ltd, 1950-1960.
• Директор, Bridgeton Pty Ltd, 30 години.