Околу 7,75 милијарди луѓе ќе живеат на Земјата до крајот на годината, проценува германската Фондација за светско население.
Тоа е околу 83 милиони повеќе луѓе од пред една година, што значи дека планетата ќе добие исто толку жители колку што има Германија.
Населението расте во просек за 2,6 лица секоја секунда.
Според овој тренд, во светот до 2023 година треба да има 8 милијарди луѓе.
Жените во Африка во просек имаат 4,4 деца, две повеќе од глобалниот просек, а според проценките на ООН, популацијата на Африка речиси двојно ќе се зголеми од сегашните 1,3 милијарди луѓе на 2,5 милијарди до 2050 година.
Приближно бројот на нови жители е колку што денес брои Германија, која е една од најнаселените во Европа.