Францускиот претседател Емануел Макрон денеска предупреди на опасноста од „ескалација на зборови и постапки во Украина“, откако американскиот претседател Џо Бајден го нарече рускиот претседател Владимир Путин „касап“,и рече дека Европа не е во војна со рускиот народ.
„Не би користел таков израз бидејќи постојано разговарам со претседателот Путин“, изјави Емануел Макрон за Франс 3.
За време на средбата со украинските бегалци во Полска, Џо Бајден ја опиша војната во Украина како „стратешка грешка на Русија“ и го нарече Путин „касап“.
Коментирајќи ги изјавите на Бајден за претседателот на Руската Федерација, Макрон рече дека сака „да ја запре војната што Русија ја започна во Украина без војна“.
„Тоа е целта и ако сакаме да ја постигнеме не ни треба ескалација со зборови или дела. Ние Европејците не смееме да подлегнеме на ескалација. Ние Европејците не смееме да заборавиме на нашата географија и историја. Ние не сме во војна со рускиот народ“, рече тој, додавајќи дека Европа повеќе не е во контекст на Студената војна меѓу Москва и Вашингтон.