Француската крајнодесничарска партија Национален собир (RN) денес одржа митинг во градот Нарбон по повод Меѓународниот ден на трудот, каде поранешната лидерка на партијата Марин Ле Пен ги повика своите поддржувачи да се кренат против узурпацијата на демократијата.

„Овогодинешниот Први мај претставува голема мобилизација на народот“, рече Ле Пен, која беше осудена на четири години затвор на 30 април за проневера на јавни средства, а исто така доби забрана за вршење јавна функција во период од пет години.

Ле Пен, која рече дека ќе се жали на пресудата, вети дека нејзината партија ќе ја обнови земјата каква што сака и во исто време ги повика своите поддржувачи да се мобилизираат за локалните избори во март следната година.

Таа додаде дека има намера да се бори за својата чест и да ја докаже својата невиност за да може да се кандидира на следните претседателски избори за две години.

„Ќе ја водам битката за правда со сета енергија што знаете дека ја имам, ќе ја водам со ваша поддршка и од претседателот на партијата Џордан Бардела“, им рече Ле Пен на собраните поддржувачи.