Германската канцеларка Ангела Меркел смета дека визијата на Унгарија за иднината на Европската унија е „сериозен проблем“ затоа што значително се разликува од другите членки.
– Секако дека има многу длабоко вкоренети различни концепции и тоа го гледаме кога ги набљудуваме унгарските ставови за иднината на Европската унија, изјави Меркел по самитот.

– На пример, предлозите на Будимпешта за новопочнатата Конференција за иднината на Европа – иницијатива што треба да обезбеди нови идеи за реформа на институциите на Унијата во следните години – веќе се „далеку од она што јас би го дала“, рече германската канцеларка.

Унгарскиот премиер Виктор Орбан минатата недела изјави дека сака да се намалат надлежностите на Европскиот парламент.

– Веќе имаме сериозен проблем во тој поглед, предупреди Меркел.