Израелските власти споделија фотографии на кои наводно се гледаат знамињата на ИСИС што ги оставиле милитантите на Хамас.

Тие рекоа дека знамињата се оставени по масакрот на израелските цивили, но засега нема независна потврда за тоа.

„Хамас носеше знамиња на ИСИС за масакрирање на израелските деца, жени и мажи. Хамас е геноцидна терористичка организација. Хамас е полош од ИСИС“, напишаа израелските одбранбени сили на Твитер.

Уште една слика од знамето на ИСИС е објавена од израелската амбасада во Велика Британија.

Израел често го споредува Хамас со ИСИС, иако тие се различни организации.


Израел, САД, ЕУ и Велика Британија го прогласија Хамас за терористичка група. Станува збор за палестинска исламистичка група која го контролира Појасот Газа, а нејзината главна цел е да ја искорени израелската држава.

ИСИС е насилна терористичка организација која изврши злосторства во Сирија, Ирак и Либија. Тие извршија терористички напади и во западните земји.