По најавата дека на доделувањето на Оскарите ќе се изведат само две песни номинирани за најдобра филмска музика, американската Филмска академија сега има намера на свеченоста, сепак, да се изведуваат сите пет композиции, објави „Варајети“.
Претходно, планот беше да бидат изведени само „Shallow” од филмот „Ѕвездата е родена“ и „All the Stars” („Црниот пантер“). На својата Твитер страница пак, Академијата денеска објави дека вечерта гледачите ќе ги слушнат и „I’ll Fight” (од документарецот „РБГ”) во изведба на Џенифер Хадсон, како и „The Place Where the Lost Things Go” („Враќањето на Мери Попинс“) во изведба на изведувач кој треба да остане изненадување.
За петтата номинирана песна – „When a Cowboy Trades His Spurs for Wings” (од „Балада за Бастер Скрагс“), изведувачот, исто така, сѐ уште не се знае.
Настанот е закажан за 24 февруари.