Единаесеттиот Јадранско-подунавски куп во ловење крап на дно на акумулацијата Палурци кај Богданци почнува вечерва.
На купот учествуваат 11 екипи од Македонија, Србија, Словенија, Хрватска и Црна Гора со вкупно 29 натпреварувачи.
Организатор на купот е Македонската риболовна федерација, а домаќин е Здружението на спортски риболовци „Костреш“ од Богданци.
-Се е подготвено за одржување на едно од најголемите спортско-риболовни натпреварувања во нашата држава. Натпреварите почнуваат утре, а завршуваат в недела на пладне, рече Владо Мишев, претседател на ЗСР „Костреш“.
Најдобрите три екипи ќе добијат пехари и медали, а ќе биде доделена и награда за најголема уловена риба.