Denesen.mk
19.02.2026.
  • Македонија
  • Економија
  • Свет
  • Историја
  • Религија
  • Здравје
  • Спорт
  • Магазин
  • Колумни
  • Македонија
  • Економија
  • Свет
  • Историја
  • Религија
  • Здравје
  • Спорт
  • Магазин
  • Колумни

СИЉАНОВСКА: При изборот на амбасадори важно е кој ја претставува земјата надвор, акцентот го ставаме на дипломати од кариера

ВЛАДА: Лажна вест е тврдењето на СДСМ дека семејството на премиерот Мицкоски со службниот авион патувало до Сплит во Хрватска

МИТЕВА СО ЖЕРНОВСКИ: Со години во Македонија лица со празни флоскули, без суштина и никакво познавање, се дел од политичкиот пејсаж

ВМРО-ДПМНЕ: СДС ги помешал билетите, не Мицкоски туку екс премиер Заев со целото семејство летал на одмор со владиниот авион

МУЦУНСКИ: Сакаме активна комуникација и активен ангажман со Софија, но не сакаме да влеземе во изборната реторика во Бугарија

Свет, Магазин

На Пелопонез измерени речиси 45,8 степени Целзиусови

/ 25.07.2025
Share
На Пелопонез измерени речиси 45,8 степени Целзиусови
Sun and clouds

Највисоката температура во Грција денеска достигна 45,8 степени Целзиусови измерени во Скала во општина Месиниа на Пелопонез, а околу 85 отсто од вкупното население на земјата искуси максимални температури над 39 степени Целзиусови, според податоците на Националната опсерваторија во Атина и порталот Метео, јави дописничката на МИА од Атина.

Во текот на денешниот ден температурата во многу делови од земјата надмина 42 степени, а највисоките температури биле регистрирани во Епир, Тесалија, западна и северна Грција, Пелопонез и јужниот дел на Крит.

Просечната максимална температура денеска во Грција беше највисока во последните денови, достигнувајќи 37,6 степени, а 359 од 554 активни метеоролошки станици регистрирале температури од над 37 степени, 165 станици регистрирале над 40 степени, а термометарот покажал над 42 степени во 34 станици.

– Она што е карактеристично за денешниот ден е тоа што многу голема географска површина на земјата беше зафатена од екстремно високи температури. Се проценува дека околу 85 отсто од вкупното население на земјата искуси максимални температури над 39 степени, пишува Метео и појаснува дека демографските податоци се однесуваат на постојаните жители на секој регион, додека привремените промени во населението (на пример, поради летни одмори) не се земени предвид.

Во областа Атика, поширокиот регион на Атина, температурата беше над 40 степени.

Новиот топлотен бран што од понеделникот ја зафати Грција, според најавите и прогнозите се очекува да трае до недела. (МИА)

Share this...
Share on Facebook
Facebook
Tweet about this on Twitter
Twitter
Share on LinkedIn
Linkedin

Од истата категорија

КРАЛОТ НА ЧОКОЛАДОТО ВО УКРАИНА: Не верувај му на Путин и не влегувај во преговори со него, му порача Порошенко на Зеленски

БУГАРИЈА СО 8 ИЗБОРИ ЗА 5 ГОДИНИ: Ѓуров стапи на должност премиер на привремената влада, новите избори ќе се одржат на 19 април

ПОЛИТИКО: САД вршат притисок НАТО да ги намали силите на КФОР во Косово, каде има 4.500 војници, Морина е против таква одлука

ВУЧИЌ ОД ИНДИЈА: Развиваме свои, суверени модели на вештачка интелигенција, во служба на граѓаните и економијата

МЕРЦ: Рационалните и хуманитарните аргументи нема да го убедат Путин

ЗЕЛЕНСКИ: Украина нема да и отстапи територија на Русија

Најнови вести

СИЉАНОВСКА: При изборот на амбасадори важно е кој ја претставува земјата надвор, акцентот го ставаме на дипломати од кариера


ЧИЛАВЕРТ: Мбапе зборува за вредности, a живее со трансвестит, секој може да прави што сака, но тоа е ненормално – за тоа постојат жените


СДСМ: Време е да се прекине луксузот на власта и да се поддржат најранливите, бараме итно и неодложно повеќе пари за ретките болести


ЛЕВИЦА: Нашиот лидер Апасиев ќе ја тужи ДКСК и ќе бара надомест на штета оти антикорупциска му изрече казна за неподнесен анкетен лист


Denesen.mk
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт

Copyright © 2018 ЕМ Медиа ДООЕЛ