Режисерот и сценарист Пуриша Ѓорѓевиќ (94) дојде на погребот на српската дива Милена Дравиќ, која беше погребана на Новите гробишта во Алејата на заслужни граѓани, веднаш до нејзиниот сакан Драган Николиќ.

Сценаристот и беше првиот сопруг на Милена Дравиќ. Двајцата се венчаа во 1960 година, а се разведоа по неколку години  заеднички живот.

Ѓорѓевиќ во едно интервју призна дека од сите жени најмногу ја сакал Милена Дравиќ.

„Од сите жени што ги познавав и сакав,  единствено и сè уште ја сакам Милена Дравиќ“,  изјави Ѓорѓевиќ.

На погребот на српската дива, тој дојде со црвена роза во рака, која ја положи на вечната куќа на Милена Дравиќ