Таа е мајка на две прекрасни ќерки, професионално реализирана дама која со својот талент делува како музичар, писател и водител.
Можеби погодувате, станува збор за Сузана Турунџиева која како битолчанка достојно го носи епитетот дека жените од Битола се едни од најзгодните.

За годините на жените не се зборува, но таа ги носи со гордост, бидејќи иако е на прагот од шестата деценија, Сузе изгледа одлично.

Со фит затегнат стомак, витка фигура, тенки нозе… па, доколку од првата фотографија не го гледате нејзиното лице, тешко би помислиле дека таа е мајка на две деца, една дури и полнолетна.
Иако не покажала дека напорно вежба во теретана или некој друг спорт за фит изглед, кај Турунџиева пред се очигледно заслужни се гените.
vistina.mk