За неговото прво јавно патување по неговиот реизбор, Емануел Макрон доби прилично ентузијастички пречек во Сержи (Вал-д’Оаз), каде во првиот круг убедливо победи канидатот на левицата Жан Лук Меланшон. Но, неговото обезбедување накратко беше загрижено. Откако кон претседателот полетаа домати-цреши, кои поминаа покрај претседателот и удриле неколку луѓе покрај него, што ги натерало неговите телохранители да отворат чадор за да го заштитат. Сепак, прошетката продолжи. И не е сигурно дека гестот имал политичко значење, јави дописникот на МИА.
Според новинар од ФрансТелевизион, ова фрлање на мали домати е дело на трговец на пазарот што го посетил Емануел Макрон, огорчен што неговиот штанд бил потресен од толпата што го придружувала ова патување. Тој беше повеќе насочен кон новинарите и публиката отколку кон Емануел Макрон, смета овој сведок на местото на настанот.
На видеото се гледа како доматите допираат припадник на обезбедувањето, а телохранителите се слушаат како извикуваат „проектил“ пред да го отворат црниот кевларски чадор над неговата глава.
Придружбата на претседателот од своја страна спореше дека проектил стигнал до претседателот на Републиката, објаснувајќи дека чадорот бил отворен поради вознемиреноста на толпата.
Неколку моменти подоцна, претседателот продолжи со прошетката и размената со своите соговорници, давајќи дополнително индиции за неговиот иден премиер: „со социјално, еколошки и продуктивна нишка“ пред да замине на разговор со млади претприемачи.