Лидерите на групата 20 (Г20) се собираат во Њу Делхи со надеж дека ќе постигнат напредок во трговијата, климата и низа други глобални прашања и покрај тоа што кинескиот и рускиот претседател не присуствуваат.
Г-20 беше замислен во пресрет на финансиската криза во 2008 година како начин за управување со глобалната економија.
Додека претседателските и премиерските авиони слетуваат во индиската престолнина, видливото отсуство на кинескиот лидер, Си Џинпинг покрена прашања за тоа што може да се договори разединетиот блок.
Иако почетокот на самитот е блиску, официјалните лица допрва треба да ја постигнат вообичаената рутина на премостување на разликите и финализирање на заедничката изјава што лидерите би можеле да ја потпишат, пренесе АФП.
Официјално не е објавено зошто кинескиот претседател не доаѓа.
Си ќе биде домаќин на лидерите на Венецуела и Замбија во Пекинг, истовремено со самитот на Г-20.