Претседателот на Русија, Владимир Путин, на средбата со група африкански лидери во Санкт Петербург, покажа наводен нацрт договор со Украина, за кој тврди дека е подготвен во Истанбул во март 2022 година.
– Би сакал да го свртам вашето внимание на фактот дека со помош на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, како што знаете, во Турција се одржаа серија разговори меѓу Русија и Украина со цел да се разработат двете мерки за градење доверба и да се состави текстот на договорот. Со украинската страна бе разговаравме за тоа дека овој договор ќе биде таен, но никогаш не го презентиравме ниту коментиравме. Овој нацрт-договор беше парафиран од шефот на преговарачкиот тим во Киев. Тој го стави својот потпис еве го, истакна Путин покажувајќи наводен документ.
Тој додаде дека „тоа беше наречено Договор за трајна неутралност и безбедносни гаранции на Украина“.
– Украина го отфрли мировниот договор штом Русија го исполни барањето и ги повлече војниците од Киев. Каде се гаранциите дека нема да се откажат од ниту еден друг договор во иднина, истакна Путин.
Киев сè уште не одговори на наводите на Путин.
Русија ја нападна Украина на 24 февруари 2022 година.