НА СРЕДБИ СО ШОЛЦ И ШТАЈНМАЕР: Бајден утре во посета на Германија

/ 16.10.2024

Американскиот претседател Џо Бајден утре ќе замине во посета на Германија, каде што ќе се сретне со германскиот канцелар Олаф Шолц и со претседателот Франк-Валтер Штајнмаер.

Американскиот претседател Џо Бајден утре ќе замине во посета на Германија, каде што ќе се сретне со германскиот канцелар Олаф Шолц и со претседателот Франк-Валтер Штајнмаер, откако неговата посета беше одложена минатата недела поради ураганот Милтон, соопшти Белата куќа.

Првично, Бајден требаше да ги посети Германија и Ангола.

Сепак, портпаролката на Белата куќа Карин Жан-Пјер на прес-конференција посочи дека посетата на Ангола е презакажана за првата недела од декември.


Од истата категорија