Зголемена фреквенција на возила и чекање за влез во државата од околу 20 минути се бележи на граничниот премин Табановце, наместо вчерашните 40 минути. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања, информираат од АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.