“Унгарија останува на ставот против секое ембарго на Европската унија (ЕУ) за увоз на руска нафта и гас“, изјави денеска владиниот портпарол Золтан Ковач, пренесува скопски Вечер, повикувајќи се на унгарскиот медиум МТИ.

„Позицијата на Унгарија за какво било ембарго на нафта и гас не е променета: ние не го поддржуваме“, рече Ковач во писмениот одговор на прашање на Ројтерс.

“Унгарија не е единствената членка на ЕУ која има сметка во Гаспробанка и плаќа руски гас според шемата што ја воведе Русија,“ изјави вчера шефот на кабинетот на унгарскиот премиер Гергел Гулијас.

-Другите земји едноставно не зборуваат за тоа јавно, додаде Гулијас.

Како што објасни тој, Унгарија не плаќа руски гас во рубљи, туку отворила сметка во евра во Гаспром банка, која ги претвора еврата во рубљи во друга сметка во рубли, пренесува МТИ.

„Уште девет земји користат иста шема за плаќање. Но бидејќи денес идејата за добар Европеец значи дека лидерите на тие земји не се искрени кога му се обраќаат на светот или на нивните граѓани, другите девет земји нема да кажат дека ја направиле истата работа“, рече Гулијас.

Според него, никој не треба да се сомнева дека земјите кои увезуваат суровини од Русија го користат токму истиот начин како и за плаќање на рускиот гас.

Тој додаде дека Унгарците не смеат да ја платат цената на војната во Украина, а тоа може да се спречи доколку Унгарија продолжи да купува енергија по најниска можна цена.

Затоа, Европската унија треба да ги повлече претходните одлуки и да не усвојува санкции кои би ги спречиле членките на ЕУ да увезуваат руски гас и нафта, смета тој, додавајќи дека во спротивно Унгарија ќе мора да купува енергија по многу повисоки цени.

„Не смееме да усвоиме санкции кои ќе се казнуваат себеси повеќе од оние што сакаме да ги санкционираме“, рече Гулијас.