За 10 години, „Бог на хаосот“, еден од најголемите астероиди, ќе помине покрај Земјата, а неговото потенцијално влијание би можело да има „погубни последици по животот на Земјата“.
Астероидот „99942 Апопхис“ е широк 340 метри и ќе поминува околу 30.000 километри покрај Земјата, што е на помала одалеченост во однос на некои комуникации и метеоролошки сателити.
Брзината со која ќе пролета покрај нас ќе биде околу 40.000 километри на час, па ќе биде видлив од Земјата.
Научниците се свесни дека неговата траекторија може да се промени, а на опасноста од астероиди, но и фактот дека во моментов немаме одбрана против нив, предупреди и Илон Муск.
Шефот на компанијата Спејс Х и Тесла објави на Твитер статија за астероидот наречен „Бог на хаосот“. Тој напиша дека не е загрижен за тој конкретен астероид, но е свесен дека некогаш „голем камен“ ќе ја погоди Земјата, а ние немаме одбрана во тој случај.
За опасностите што ни се закануваат од вселената, како и за нашата неспособност да се браниме, пред неколку години зборуваше научникот Џозеф Нут. Тој рече дека голем објект од вселената, како астероидот што ја погодил Земјата и ги уништил диносаурусите пред 66 милиони години, може повторно да ја погоди нашата планета.
Проблемот е во тоа, ако научниците навистина нашле таков објект на пат кон Земјата, не може нешто посебно да направат за да се заштитиме од удари и да спречиме потенцијално уништување на човечкиот вид.
Научниците сугерираат НАСА да изгради едно вселенско летало за пресретнување на вселенски објекти во случај на такви опасности, за да се има време потребно за да се организира мисија за спас на нашата планета и живот на Земјата, доколку се открие таков астероид.