Началникот на Генералштабот на Израел, Херзи Халеви, вечерва ја презеде одговорноста за убиството на тројцата заложници кои вчера беа убиени од израелски војници во Газа.
Заложниците беа убиени иако вееја импровизирано бело знаме и беа невооружени.
-Забрането е да се пука во оние кои го креваат белото знаме и бараат да се предадат. Тоа што е направено е прекршување на правилата за служба, рече Халеви, но додаде дека пукањето било извршено за време на борба и под стресни околности, објавија израелските медиуми.
Семејствата на заложниците приведени во Појасот Газа во меѓувреме апелираа до Владата на Израел да ги прекине борбите и преговорите за нивно ослободување повеќе од два месеци од почетокот на војната со Хамас.
-Ние само извлекуваме мртви тела. Бараме од вас да ги прекинете борбите и да почнете преговори, рече Ноам Пери, ќерка на Израелец приведен во Газа на средбата на семсјтвата на заложниците во Тел Авив, пренесоа француските медиуми.
Откако вчера израелски војници случајно убија тројца заложници на северот на Појасот Газа, семејствата бараат Владата на Израел да иницира нов договор за ослободување на нивните членови.