Коефициентот на интелигенција на национално ниво во Македонија е 82 бода и е најнизок во регионот. Албанија има исто така државно IQ од 82, додека Србија има 90, Словенија 99, Хрватска 96, БиХ 89, додека Црна Гора 86, покажуваат резултатите од најновото истражување на светската интелигенција.
На врвот на листата се Јапонија, Тајван и Сингапур со IQ од 106 бода, додека националното IQ на Кина е 104 бода.
Најдобрите резултати во Европа ги има Белорусија со 102 бода, а веднаш по неа се Финска, Холандија, Германија, Естонија и Лихтенштајн со IQ од 101 бод.
Податоците се објавени во книгата „Интелигенцијата на нациите“ издадена во април годинава.