Држави донатори собраа над 100 милиони долари хуманитарна помош за Венецуела во Вашингтон на меѓународна конференција за хуманитарната криза во Венецуела. Тоа го соопшти Лестер Толедо координатор на прашања за меѓународна хуманитарна помош во тимот на лидерот на венецуелската опозиција Хуан Гуаидо.
– Држави донатори ни доставија хуманитарна помош од над 100 милиони долари, изјави тој во седиштето на Организацијата на американски држави каде се одржала конференцијата.
Тој најави дека следната сабота, на 23 февруари, приврзаниците на опозицијата ќе се обидат да ја достават таа хуманитарна помош во Венецуела.