Повеќе од 2.000 полицајци ќе бидат распоредени вечерва во Париз за да обезбедат ред пред реваншот од полуфиналето во Лигата на шампиони меѓу ПСЖ и Арсенал.
Полициската префектура планира да мобилизира повеќе над 2.000 полицајци околу стадионот „Паркот на Принцовите“, како и на вообичаените места на собирање во Париз и околните предградија, како и на железничките и автобуските станици.
„Нема да се толерираат какви и да е ексцеси“, предупреди префектурата, која ќе воспостави „заштитен систем околу стадионот и уште еден околу Шанзелизе, како дел од подготвителните мерки поврзани со одбележувањето на 8 мај 1945 година“, и крајот на Втората светска војна во Европа.
Во првиот полуфинален натпревар, ПСЖ го победи Арсенал со 1-0 во Лондон.