Повеќе од 20.000 федерални вработени ја информирале американската влада дека се подготвени да дадат оставка според „програмата за одложена оставка“.

Два милиони цивилни федерални вработени со полно работно време добиле понуда од Белата куќа минатата недела да дадат отказ и да добијат плата и бенефиции до 30 септември, бидејќи администрацијата на Трамп се обидува да го намали персоналот на американската влада, објави Блумберг.

Белата куќа во неделата објави дека ги ослободува вработените во јавната безбедност, вклучително и контролорите на летање, од „програмата за одложена оставка“. Некои демократи тврдат дека понудата не е легална. Канцеларијата за управување со персоналот на Белата куќа денеска ја бранеле законитоста на програмата во меморандум до агенциите.

„Програмата за одложена оставка“ ќе им овозможи на федералните вработени да останат на платниот список до 30 септември, но не мора да работат, се вели во е-пошта испратена до федералните вработени. Федералните отпремнини обично се ограничени на 25.000 американски долари. Вработените добиле рок до 6-ти февруари да донесат одлука.

Во мејлот се наведува и дека администрацијата очекува „поедноставна и пофлексибилна работна сила“. Иако војската и некои агенции најверојатно ќе го зголемат бројот на својот персонал, повеќето агенции најверојатно ќе бидат намалени преку реструктуирање и отпуштања.