Повеќе од 207.000 Романци, кои планирале да се имунизираат против коронавирусот со вакцината на Астра Зенека, одбиле тоа да го сторат од март, кога се појавија првите извештаи за потенцијална поврзаност меѓу вакцината и згрутчување на крвта, објавија романските медиуми.
Тоа е 28 отсто од оние кои ја потврдиле својата вакцинација.
Најверојатно, оние кои откажале се пријавиле на списокот на чекање за друга вакцина, бидејќи бројот таму останува константен.
Од Кризниот штаб во Романија најавија дека носењето заштитни маски ќе биде последното ограничување кое ќе се укине. Тоа, според нив, ќе се случи откако ќе се аплицираат 10 милиони вакцини.