Над 260 од украинските борци засолнети во челичарницата Азовстал во Мариупол, ја послушаа наредбата на украинската воена команда и синоќа го положија оружјето и се предадоа на руските сили. Со автобуси се евакуирани во области под руска контрола а повредените војници се хоспитализирани соопшти руското минситесртво за одбрана. Киев се надева дека украинските војници и членови на батаљонот Азов ке бидат разменети за руски воени заробеници. Во челираницата, која сега е во рацетот на руската армија се уште има непознат број украински броци а претседателот Зеленски порача дека се прават обиди и тие да бидат евакуирани . Скоро еден месец се водеа жесотки борби за челирачарницата која беше послдениот украинскиот отпор во Мариупол. Укрианските бранители спречија повеке обиди на руската армија и сепаратистите да ја освојат .Тие ги испонија сите вои задачи . Благодарение нив , руската офанзива забави а Украина доби клучно критично време рече Зеленски.
Москва не соопшти дали евакуираните украински борци ќе бидат третирани како воени злостосторници или како воени заробеници. Портпаролот на Кремљ само изјави дека ке бидат третирани во согласонот со релаватните меѓународни закони, како што неодамна кажа претседателот Путин. Војната во Украина влезе во 83 ден. Борбите во западниот и источниот дел на земјата продолжуваат а мировните преговори мируваат. И Москва и Киев денеска објавија дека не водат преговори во никаква форма меѓусебено обвинувајќи се за кочење на преговрачкиот процес.