Кибер-безбедноста стана ново жариште и сериозен предизвик на глобално, регионално и локално ниво, а само во земјите од Западен Балкан во 2017 година, беа пријавини 400 компјутерски напади, изјави генералниот секретар на Регионалниот совет за соработка (РСС) Горан Свилановиќ.
Зборувајќи на отворањето на Третата регионална конференција за координација во борбата против тероризмот и насилниот екстремизам што денеска почна во Истанбул, Свилановиќ додаде дека интернентот истовремено станал една од главните алатки на современите терористички организации за пронаoѓање, регрутирање и обука на новите членови.
На конференцијата што ја отвори турскиот заменик министер за внатрешни работи Мухтерем Инче, ќе биде претставена и Студијата „Ново виртуелно бојно поле – како да се спречи радикализацијата во рамките на кибернетичката безбедност на Западен Балкан“.
Студијата ја порача РСС, а ја финансираше Европската унија и таа е всушност сеопфатен пресек и анализа на кибер-безбедност и радикализација на интерентот во Албанија, БиХ, Косово, Македонија, Србија и Црна Гора. Во Студијата има и препораки за унапредување на безбедноста во областа на кибернетичкиот простор, надвор од тесните традиционални дефиници, со цел да се опфатат и нападите преку интерент базирани врз информации, со фокус на радикализација на интерент.