Во израелските напади врз Појасот Газа денеска загинаа најмалку 61 лице, меѓу кои и три лица кои беа убиени во напад на болницата Ал Али, соопштија палестинските власти.
Властите додадоа дека телата на најмалку 27 жртви од израелскиот напад на Кан Јунис биле пренесени во блиската болница Насер, а Црвената полумесечина соопшти дека осум тела биле извлечени по неодамнешното повлекување на Израелците од градот по офанзивата.
Израелската армија започна голема операција на окупираниот Западен Брег, со стотици војници и со помош на воени возила, додека продолжува окупацијата на градот Џенин, каде денеска беа убиени двајца Палестинци во бегалскиот камп, пренесува Ал Џезира.