Нема значајни промени во општата состојба на пациентите од Република Македонија сместени на лекување во Пирогов, Воено-медицинската академија во Варна и Свети Ѓорѓи во Пловдив, објави БГНЕС.

Бранот на емпатија што Бугарите го изразуваат за пациентите од трагичниот инцидент во Кочани е се поголем. Само вчера – вторник, повеќе од 600 волонтери донираа крв за жртвите кои се сместени на лекување во Бугарија.

Најголем број на крводарители биле во Националниот центар за трансфузиона хематологија, каде што 218 луѓе изразиле желба да им помогнат на пациентите од трагичната несреќа во Кочани.

Во прилогот на Сител се вели дека само два дена повеќе од 500 граѓани во Бугарија дарувале крв за настраданите во трагичниот инцидент во дискотеката во Кочани. Повикот на здравствените власти и црвениот крст во Бугарија дека е потребна крв за пациентите кои беа транспортирани во Македонија, собра голем број хумани граѓани во Бугарија од различна возраст. Крв се дарува во Универзитетската болница за активно лекување и итна медицина УМБАЛСП „Н.И. Пирогов“ и Националниот центар за трансфузиона хематологија. Меѓу оние кои вчера даруваа беше и Ѓорги Малчев професор и блогер, кој и самиот во повеќе наврати повика што е можно поголем број негови сограѓани да бидат хумани и да даруваат крв.

Малчев вели сите сме луѓе и како луѓе имаме должност да подадеме рака и да помогнеме кога гледаме дека нечии живот зависи од тоа.

Освен дарување крв во Бугарија во тек се и други акции за помош на луѓето кои се лекуваат таму но и за сите настрадани таму. Она што Малчев го сподели е дека тие самоиницијативно се организираат и собираат парични средства, а како самиот нагласи голем број средства се веќе собрани.

Малчев вели ова е уште еден доказ дека и од двете страни треба да престане ракија-салата револуционерството и да се градат заеднички мостови, пријателство и хуманоста преку кој ќе им помагаме на луѓето во потреба и ќе си помагаме како соседи и пријатели