Демократската кандидатка Камала Харис и републиканскиот кандидат Доналд Трамп денеска ќе ја посетат Северна Каролина во обид да добијат поддршка во државата во југоисточна Америка на само три дена пред изборите.

Ова ќе биде четврти ден по ред како американската потпретседателка Харис и поранешниот американски претседател Трамп во ист ден посетуваат иста земја.

Повеќе од 70 милиони Американци веќе гласале, според Изборната лабораторија на Универзитетот во Флорида, што е помалку отколку во текот на раното гласање во 2020 година за време на Ковид-19, но сепак укажува на високо ниво на ентузијазам на гласачите.