Речиси 90 илјади работници не земале плата за сработеното во април. Управата за јавни приходи излезе со алармантни податоци за финансиската кондиција на фирмите. Доцнењето кај дел од работодавачите е бидејќи аплицирале, но се уште чекаат на државна помош за исплата на минималец. 2.707 фирми поднеле барања за субвенции за минимална плата за 6.724 вработени во вкупна вредност од 109 илјади евра. Состојбата е нешто подобра за март, кога без примања останале 7,284 работници. УЈП веќе доставила опомени, а ако фирмите не се корегираат во дадениот рок, следува блокирање на нивните сметки.
„За април обврска за поднесување на МПИН пресметка имале 69.041 работодавач, до законскиот рок плата исплатиле 46.086, не платиле 16.768 работодавачи , а воопшто не поднеле МПИН пресметка 6.187 фирми. Ние ги имаме преземено сите мерки за присилна наплата“ – велат од УЈП.