Вториот светски рекет Рафаел Надал, избори финале на АТП турнирот во Рим, победувајќи го попладнево во два сета грчкиот тенисер Стефанос Циципас.
Полуфиналето траеше еден час и 43 минути и заврши со 6:3 и 6:4.
Триесет и двегодишниот Шпанец во финалето ќе се сретне со победникот од дуелот Новак Ѓоковиќ (Србија) – Диего Шварцман (Аргентина). Овој меч е закажан за вечерво во 20 часот.
Наградниот фонд на турнирот во италијанската престолнина изнесува 5,2 милиони евра.