Шпанскиот тенисер Рафаел Надал на својот Твитер објави дека ќе учествува на завршниот АТП турнир во британската престолнина.

– Здраво на сите, вчера направив детални медицински прегледи во Палма де Мајорка и решив, покрај мала повреда на десниот дел на стомакот, да учествувам на турнирот во Лондон, напиша Надал.

Шпанецот најави дека во четврток или петок ќе почне со подготовката за настапот на Островот.

Претходно, Надал се повлече во полуфиналето од турнирот во Париз поради оштетување на стомачните мускули.