Проблемот поради кој граѓаните не можеа да вадат пари од банкоматите или да плаќаат преку ПОС терминалите со картичките VISA и MasterCard е надминат, соопшти Македонската банкарска асоцијација (МБА).

Банкарските картички во земјава не функционираа неколку часа, а граѓаните можеа да подигнат готовина само на шалтерите во филјалите.

„Се заблагодаруваме на сите засегнати страни за терпението и разбирањето, наведено е во соопштението на МБА.