Голем луксузен дом во градот Џуно, Алјаска, се урна за неколку моменти откако поплава ја зафати улицата.

Според локалните медиуми, поплавите настанале по топењето на глечер.

Властите во тој град прогласија вонредна состојба и многу жители беа евакуирани.

– Две куќи се целосно уништени. Уште една е делумно оштетена – соопштија локалните власти.

Надојдените води во градот носат паднати дрвја и друг шут и ѓубре.

Моментот кога поројот ја однесе куќата го снимил локалниот жител Сем Нолан.

– Беше многу тажно да се види тоа, но ништо друго не можевме да направиме освен да стоиме и да гледаме – рекол Нолан.