Истражувачката репортерска лабораторија изминатите три дена објави серијал стории за надворешните соработници на премиерот Зоран Заев. Тој има вкупно 39 надворешни советници од речиси сите области – од економија, дипломатија, здравство, регионална политика, социјала, спорт, односи со јавноста итн. Меѓу нив има домашни и меѓународни истакнати професионалци, но и контроверзни ангажмани.

Објавен целиот список на надворешни соработници кој ИРЛ го доби согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.

Истражувачката репротерска лабораторија – ИРЛ Македонија е основана со иницијална поддршка на Меѓународниот проект за известување за организиран криминал и корупција. (Organized Crime and Corruption Reporting Project).