За една ноќ во атарот на Лакавица, Штипско наезда на смокови и други влекачи испразниле гулабарник со педесетина гулаби, останале само десетина гулаби, пишува порталот СДК.

– За викендот отидов во викендичката каде имам гулабарник и видов пустош. Пердуви на сите страни и траги од разни влекачи. Со мобилниот снимив неколку фотографии, а кога отидов од другата страна на гулабарникот затекнав смок долг повеќе од еден метар како в уста држи гулаб. Снимив уште една фотографија и кога помислив што да направам, за дел од секундата смокот се повлече во нивата, вели за СДК, сопственикот Ване Станков.

Тој вели дека влекачите му направиле голема штета.

-Неодамна, дел од гулабите беа украдени, па со помош на полицијата половината ги вративме во гулабарникот, но сега змиите ги уништиле и јајцата за подмладокот на гулабите, вели Станков.

Тој бара начин како да го заштити гулабарникот.