Истражувањето нè наведе да заклучиме дека старите луѓе се целосно во право кога велат: „Сто куќи, сто обичаи“. Верувања, убедувања, традиции и легенди се одговорни за некои ритуали, кои секако не се вообичаени, а дали се ова најбизарните обичаи на светот, проценете сами.
Хонг Конг
Во градот-држава Хонг Конг, жената која мажот ја изневерува има право да го казни со смрт, но само ако убиството го изврши со голи раце. Од друга страна, љубовницата на својот сопруг може да ја убие на секаков начин.
Русија и Јапонија
Далечните делови на Русија и Јапонија се населени со домородно племе наречено Аиуну. Нивниот, благо речено, необичен ритуал е жртвување на мечка.
Меѓу нив постои широко распространето верување дека боговите добиле форма на мечки и дека убивајќи ги нив човечката душа добива благослов. Овој обичај вклучува убиство на мечка, чии младенчиња потоа ги одгледуваат две години. Точно, ова е редок ритуал, но сепак се практикува.
Шкотска
Шкотска е земја каде што постоеше една традиција, прекината во 1939 година. Според неа, маж кој барем еднаш имал интимна врска со жена, после тоа, бил обврзан да се ожени со неа.
Индија
Во најсветиот индиски град на реката Ганг Варанаси постои заедница наречена Агори Бабас. Ова племе има навистина бизарен канибалистички ритуал, тие ги јадат своите починати роднини.
Според нивните обичаи, светците, децата, бремените жени и невенчаните жени не смеат да се кремираат, и ги оставаат да плутаат реката, по што ритуално ги јадат.
Саудиска Арабија
Во Саудиска Арабија, жената има право да се разведе од сопругот ако тој одбие да сервира свежо сварено кафе наутро. Се разбира, ова е само еден член од законот, кој ретко се применува, бидејќи скоро и да нема разводи во оваа држава.
Индонезија
Членовите на племето Дани во Индонезија ја изразуваат својата тага за починатиот член на семејството на специфичен начин.
Покрај емоционална болка, која ја покажуваат гласно и видливо со липање, тие си нанесуваат и физичка болка, што значи отсекување на едниот дел од прстот од раката.
Пред да се изврши ритуалното сечење на прстот, целата рака е врзана со јаже, со цел да утрне.
Кина
Постои обичај во Кина, не толку популарен кај мажите. Имено, пред да ја пренесе невестата преку прагот, мажот мора, носејќи ја, бос да премине преку врел јаглен. Се верува дека овој ритуал ќе и овозможи на жената да добие лесна и убава работа.
Тибет
Тибетските будисти веруваат во реинкарнација и затоа веруваат дека нема потреба да се чуваат телата на нивните мртви, затоа што е важна душата, а таа, според нив, веднаш по смртта се сели во ново царство. Од ова верување произлезе ритуал наречен „Небесен погреб“ или „Jатор“, што вклучува оставање на телото на починатиот на плато, каде што живеат мршојадци.
Јужна Америка
Постои племе во Амазон наречено Јаномани.
Тие веруваат дека смртта не е природен феномен и веруваат дека ја спречуваат со кремирање на своите покојни, а потоа пепелта ја мешаат со ферментирана супа од банана и тоа го јадат. На тој начин, тие се убедени, преку нив, починатиот продолжува да живее.
Бунлап (Пацифик)
Обичајот, кој најдобро би можеле да го опишеме како претходник на скокање по банџи, и денес се практикува на малиот и осамен остров Бунлап, сместен во Пацификот.
Локалното население прво игра со звуците на традиционалните тапани, а потоа подготвува храбар доброволец да скокне од дрвена кула.
На врвот на импровизираната кула, конструирана исклучиво за изведување на овој ритуал, му се врзува винова лоза околу глуждовите и тогаш тој е подготвен да скокне. Тие веруваат дека колку повисоко скока, толку е поголем благословот што го добива од боговите.