„Не си играјте со играчите! Ние не сме месо“ – Бунт на ракометот против „пеколниот” календар на кој се спротивставуваат најдобрите играчи на планетата преку координирана кампања, јави дописникот на МИА.

„Не си играјте со здравјето на играчите!“, порачуваат тие во видео, објавено денеска. Французионот Никола Карабатиќ и Данецот Микел Хансен, најдобриот играч во светот во 2018 година, романката Кристина Неагу, најдобра ракометарка во светот во 2018 година, и други ѕвезди од светот на ракометот бараат од раководството на овој спорт да не се загрозува нивното здравје.

Откако во голема мера ова беше едни од прашањата отворени во јануари, за време на светското машко првенство, поради интензивната програма (10 натпревари во седумнаесет дена) и постојаното патување во деновите за одмор, ракометарите и ракометраките одлучија денес да го подигнат гласот.

Видео пораката поврзана со кампањата #DontPlayThePlayers, се емитува на иницијатива на Европската унија на ракометарите и Здружението на професионални ракометари. Писма се испратени до претседателите на Меѓународната федерација (ИХФ) и Европската федерација (ЕХФ).

Барањата се јасни: да имаат повеќе време за одмор помеѓу натпреварите, играчите да учествуваат во носењето на одлуките и итен состанок со претседателите на меѓународните тела за прашања кои влијаат на календарот.

Одлучни да не страдаат повеќе, ракометари ја зедоа својата судбина во свои раце. Останува да се види дали ќе бидат сослушани за нивната жалба. На крајот на Светското првенство, Меѓународната федерација, преку гласот на својот претседател, Хасан Мустафа, рече дека сака „да го зголеми бројот на денови за одмор за време на Светското првенство, бидејќи „играчите се наши адути”.

„Се обидовме преку едноставен дијалог, тоа не функционираше. Ако сè уште не функционира, може да биде неопходно да се помисли да се спроведе акција од уште поголем обем“, предупредува Винсент Жерар.

Често спомнувана, можноста за штрајк е „јасно во главите” на светските ракометари, на кои им е дојдено преку глава.

„Но, ние искрено се надеваме дека нема да има потреба да одиме толку далеку”, вели голманот од Монпелје