Во вториот квартал на 2020 година, Европската унија забележа сезонски пад на БДП од 11,4 , односно 11,8 проценти за еврозоната, покажуваат податоците на Евростат.

Во вториот квартал на 2020 година, потрошувачката во европските домаќинства и бројот на вработени продолжија да опаѓаат.

Заводот за статистика на ЕУ наведува дека падот на БДП од 11,4 проценти, односно 11,8 проценти, соодветно, во споредба со првиот квартал од 2020 година, убедливо е најголемиот пад забележан од почетокот на сезонското мерење во 1995 година.

Во споредба со истиот квартал минатата година, БДП падна за 14,7 проценти во еврозоната и за 13,9 проценти на ниво на  ЕУ.

Во текот на вториот квартал на 2020 година, трошоците за потрошувачка на домаќинства се намалија за 12,4 отсто во еврозоната и за 12 отсто во ЕУ.

Во истиот период, извозот се намали за 18,8 отсто во еврозоната и во ЕУ, додека увозот се намали за 18 проценти во еврозоната и 17,8 отсто во ЕУ.

Во вториот квартал на 2020 година, Еврозоната забележа пад на бројот на вработени во споредба со првите три месеци од оваа година за 2,9 проценти, односно за 2,7 отсто на ниво на ЕУ, што е воедно и најостриот пад забележан од почетокот на сезонските серии во 1995 година.