Големиот пожар во регионот на Крас во Словенија е ставен под котрола, соопшти владата. По неколку дневна борба со огнената стихија, во која беа вклучени 1.500 пожарникари и десетици хеликоптери и авиони преку европскиот механизам за помош, денеска конечно бил ставен бил локализиран.
Според словенските власти, периодично огнот повторно се разгорува во одредени делови, поради што голем дел од пожарникарите ќе останат на терен уште неколку денови за комплетно да го изгаснат пожарот.
Областа постојано ја надлетува и хеликоптер опремен со термална камера, кој ги детектира овие повторно избивања и веднаш се испраќаат летала за да ги изгаснат од воздух.