Актерот Том Круз и неговата колешка Кејти Холмс некогаш важеа за омилен пар за многумина ширум светот, а до јавноста доспеаја многу информации за природата на нивниот однос кои шокираа голем број нивни обожаватели.

Кејт затруднела пет месеци по веридбата, а парот се венчаше една година подоцна во Италија. Но, по разводот се појави приказна дека нивниот брак бил лажен и дека вистинскиот татко на малата Сури е всушност основачот на Скиентолошката црква…

Мајкл Џексон се ожени со медицинската сестра Деби Роу која по три години побара развод од него. Таа се одрекла од старателството над децата во замена за вила на Беверли Хилс.

“Со Мајкл бев само за да стане татко”, изјавила Дебра за “ABC News”.

За врската на Џенифер Анистон и Винс Вон се пишуваше од моментот кога излезе нивниот заеднички филм, а тие беа во врска околу една година додека не опаднала продажбата на DVD дискови.

Холивуд долго време зборуваше за врската помеѓу Роберт Патинсон и Кристен Стјуарт, ѕвездите на филмот “Twilight”. По раскинувањето, Стјуарт се декларираше како лезбејка, а подоцна изјави и дека нивната врска била само медиски продукт.