Треба да се подготвиме за неколку години голема жештина со рекордни температури што ја туркаат Земјата кон уште посмртоносни, непријатни екстреми, предупредија денеска двете најголеми метеоролошки агенции во светот во петгодишната прогноза.
Постои 80 проценти шанса светот да урне уште еден годишен рекорд за температура во следните пет години, а уште поголема е веројатноста светот повторно да ја урне границата од 1,5 степени што беше поставена пред една деценија како онаа што мора да се избегне – според прогнозата на Светската метеоролошка организација и Британската метеоролошка служба.
Тоа ниво на затоплување е определено од температурата од средината на 19 век.
Постои 86 проценти веројатност дека во една од следните пет години ќе биде пробиено нивото на затоплување од 1,5 степени, како и 70 проценти веројатност дека следните пет години ќе бидат потопли од тоа ниво во просек – се додава во прогнозата.