Пожар избувна во главната железничка станица во главниот град на Египет, Kаиро.
Во несреќата загинаа најмалку 24 луѓе и 50 се повредени.
Шефот на главната болница во Каиро Мохамед Саид изјави дека бројот на жртвите од пожарот се очекува да се зголеми.
Пожарот најверојатно е предзвикан од експлозија на резервоар на воз откако тој излетал од шини. Засега нема потврда од официјални лица за причините за пожарот.