Најмалку 13 лица загинаа, а 260 се повредени откако истече отровен гас од контејнер во јорданското пристаниште Акаба, изјави јорданската влада за Си-Ен-Ен Арапски.
Снимката од блиската камера објавена од државната телевизија Ал-Мамлака покажува дека контејнерот бил транспортиран со кран пред да падне, ослободувајќи облак од жолт, гасовит материјал на бродот и внатре во пристаништето. На снимката се гледа како луѓето бегаат откако контејнерот испадна.
На местото на инцидентот е испратен тим експерти за опасни материјали од цивилната одбрана на Јордан, изјави портпаролот на ПСД.
Областа е ставена во карантин, соопшти јорданската цивилна одбрана.